Охриѓанец тешко повреден во сообраќајна незгода

Охрид

На 22.09.2021 година во 21:20 часот, на кружната крстосница на булеварот „Туристичка“ и улицата „Стив Наумов“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шевролет“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(33) и мопед „Кивеј“ со охридски регистарски ознаки, управуван од В.И.(51), двајцата од Охрид, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, истакна Димоски.

Увид на местото изврши екипа на СВР Охрид.

фото: архива

Please follow and like us:
Tagged