И покрај фалбите на локалната власт дека депонијата Буково е изгасната, таа повторно гори, чади и ги труе граѓаните.
Утрово за тоа реагираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид и носител на советничката листа на партијата за Советот на Општина Охрид, Сашо Донев.
Тој на Фејсбук објави видео од чадот и напиша:
“Буково, Охрид, денес…
Ова е реалноста на охридските планини утрово. Токсичен чад од запалено ѓубре кој ги труе нашите деца. Реалноста не е насмеаниот Коста кој гордо планинари во скапа опрема на рекламниот спот на СДС за локалните избори.
За доброто и здравјето на сите нас, доста е од овие лажговци, лицемери и неработници!
Време е за промени!
Време е за проекти!
Време е за победи!”
Видеото и објавата може да ги погледнете ТУКА
Please follow and like us: