Силјаноски за Дебрца: Фабрика за преработка на компир, инвестиции, нови работни места, пунктови за земјоделски производи

Охрид

Доаѓа време на промени во Општина Дебрца кои ќе се случат на 17 октомври, истакна кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Саше Силјаноски кој на денешниот митинг ги потенцираше приоритетите кои ќе ги реализира во својот мандат за Дебрца да стане пристојно место за живот и општина со перспектива.

-Главен предизвик во мојата работа ќе биде носење на инвеститори за отворање на работни места, инвеститори за фабрика за преработка на компир. Максимално искористување на земјоделските потенцијали и отворање на пунктови и за продажба на земјоделски производи, како и директно субвенционирање на земјоделците од општината, но и хуманитарен фонд за социјално загрозени и лица со посебни потреби, рече Силјаноски.

Тој додаде дека во неговиот мандат ќе реализира бројни инфраструктурни проекти, но и мини пазар на магистралниот пат Охрид – Скопје, фудбалски клуб и враќање на манифестацијата „Црешнобер“.

-Чиста општина, и еко производи ќе бидат приоритет, како и вложување во енергетика. Канализациони мрежи за селата Велмеј и Требеништа, во функција на браната во село Слатино, асфалтирање на патот од Ботун со манастирот Света Богородица, ова се дел од проектите позади кои стојам и ќе ги реализирам, изјави Силјаноски.

Тој нагласи дека СДСМ пред 4 години ветуваа живот, но општина Дебрца стана место каде младите не ја гледаат својата иднина, земјоделците не ја гледаат својата егзинстенција, а Дебрца е место кое нема перспектива.

-Наместо развој, Дебрца стана место на поединци кои си ги остваруваат своите лични интереси. Доаѓа време на промени кои ќе се случат на 17 октомври, промени кои носат иднина, економија и подобар живот за граѓаните. Општина Дебрца ќе биде општина на сите граѓани. Ќе подадеме рака на секој граѓанин, за Дебрца да биде пристојно место за сите генерации. Ова е битка во која општината ќе ја вратиме на вистинскиот пат, пат кон успехот, потенцираше Силјаноски.

Please follow and like us:
Tagged