Академик Коцарев: Македонија од 2017-та стана понижена држава

Македонија

Периодот на владеење од 2017-та година до денес, најдобро се карактеризира според мое мислење, со синтагмата понижена држава.

Вака првиот човек на највисоката научна установа во Македонија, ја оценува состојбата во државата минативе четири години. Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, вели со политиките последниов период директно се удира врз македонските национални интереси и македонската историја, која што се менува по барање на други. Коцарев порачува дека доколку ја изгубиме нацијата, воопшто нема да има ентитет кој би се интегрирал во Европската унија.

-Понижувањето се предизвикани и од домашни и од надворешни потреби, а сите имаат заеднички атрибут владеење. Ова е време кога владејачките елити се впуштија во друга крајност, национален инженеринг преку бришење на сите одлики на современата македонска нација, со образложение дека тоа е услов за европска интеграција, изјави Коцарев.

Првиот човек на МАНУ оценува дека македонската политичка елита го има хибрис синдромот, кој претставува прикажување на лице како месија, односно тенденција кон величење кај самиот себе, идентификација на сопствената личност со државата, како и претерана верба во себе и во личните можни постигнувања, често се граничи со чувството на семоќност.

-Властодршците, не само во Македонија, без јавна контрола, многу брзо пројавуваат симптоми на синдромот хибрис, стекнато нарушување на личноста. Лицата со овој синдром ги имаат следните одлики: нарцисоидност, ароганција, некомпетентност за носење геострашки одлуки и за креирање политики, изјави Коцарев.

извор: Република

Please follow and like us:
Tagged