Пецаков: 11 Октомври е поука и аманет за сите Македонци за нашето постоење низ времето

Охрид

Кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, упатува честитка по повод 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ.

Во честитката се вели:

“11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ е поука и аманет за сите Македонци за нашето постоење низ времето.

Оруженото востание против фашистичкиот окупатор го симболизира непокорот на македонскиот народ и вечниот стремеж за слобода.

Охрид и Македонија се нашата одговорност со цел подобра иднина за сите!

Честит 11 Октомври!

Да живее Република Македонија!”

Please follow and like us:
Tagged