ВМРО-ДПМНЕ Охрид: 11 Октомври – ден кога слободата победи и македонскиот народ се вброи меѓу предводниците на Антифашистичката борба

Охрид

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки по повод големиот празник 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ.

Во честитката се вели:

“11 Октомври – ден кога слободата победи и македонскиот народ се вброи меѓу предводниците на Антифашистичката борба. Охрид и Македонија имаат колективна заслуга во борбата против фашизмот.

Да го сочуваме тоа што сме го наследиле од нашите предци, да се избориме за среќа и радост за ова парче земја и да создаваме светла иднина за сите.

Нека се паметат вечно хеорите од Антифашистичката борба!

Честит 11 Октомври!”

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денеска положи и свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци од НОБ во градскиот парк.

Please follow and like us:
Tagged