(ВИДЕО) Туск се обрати на македонски, повика на голема поддршка за ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори

Македонија

Актуелниот претседател на Европската народна партија Доналд Туск, ја даде својата поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и кандидатите за локалните избори во Република Македонија.

Туск порача дека ВМРО-ДПМНЕ има брилијантен тим.

– Драги пријатели, како ваш посветен и лојален сојузник, сега и секогаш, ве повикувам да излезете на изборите и да го дадете вашиот глас за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, рече Туск во видеото.

Тој додаде дека ја поддржувал Македонија како премиер на Полска и како претседател на Европскиот совет, па така ќе продолжи да не поддржува и во иднина.

Навистина сум импресиониран од позитивните промени кои се случуваат во ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски. На Локалните избори партијата претставена од брилијантен млад тим полн со енергија, се работи со нови луѓе во светот на политиката кои се чесни и компетентни, истакна претседателот на Европската народна партија.

Please follow and like us:
Tagged