Редакцијата на Инфомакс преку повеќе мобилни тимови ја следи на терен состојбата во земјата од започнувањето на изборниот молк.
Во Охрид, односно во селото Лескоец, како што информира Алексндар Митовски од терен, денес е забележано извршување на градежни работи, спротивно и на изборниот и кривичниот законик.


„На неполни 20тина часа пред почетокот на изборниот процес на гласањето тука во општина Охрид, во селото Лескоец на големо се извршуваат градежни работи. Како што можете да видите зад мене тешка градежна механизација од утринава е тука распоредена и асфалтира улички спротивно на изборниот законик и кривичниот законик. Остануваме во Охрид да ја следиме ситуацијата во предизборниот период до недела остануваме во Охрид“, известува Митовски.
Видео од асфалтирањето во Лескоец може да погледнете ТУКА
Дополнително редакцијата на ОХРИД 24, забележа градежна механизација во населба “Радојца Новичиќ”, која извршуваше активности на речното корито на реката Сушица, на неколку часа пред изборите во недела.
