(ФОТО+ВИДЕО) Ковачки: Злосторничката групација составена од полицајци на Заев и Спасовски договарале малтретирање на граѓани за изборната кампања

Македонија

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на денешната прес-конференција откри нов скандал на власта на СДСМ, за тоа како службени лица во МВР ја злоупотребувале својата позиција, со цел физичко малтретирање и попречување на слободата на движење на луѓе кои не се од СДСМ.

-Групата од над четириесетина полицајци се координирала на апликацијата вибер. Во таа група именувана „ХХХ“ според она што досега го идентификувавме има началници, полициски командири и полицајци во улога на партиски извршители. За изборите било договарано, следење, малтретирање и шиканирање на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Во групата членувале и командирот на ОВР Прилеп – Дарко Цуцулоски, заменикот командир – Ванеса Колашинац, началникот на НККР Прилеп – Емилија Велкоска, како и Кире Китаноски кој е личен шофер на советникот на министерот Спасовски – Оливер Лукароски, кој според конверзацијата во групата е главниот налогодавец. Злосторничката групација составена од полицајци на Заев и Спасовски договарале малтретирање на секој кој не го поддржувал СДСМ: „Земете му ја колата и убијте го“, гласи една од координираните наредби во групата, открива Ковачки.

Целата изјава на Ковачки погледнете ја во видеото.

Please follow and like us:
Tagged