Пецаков оствари средба со претседателот на македонското друштво ,,Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај

Охрид

Кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, оствари средба со претседателот на Македонското друштво ,,Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај.

На работната средба претседателот на Македонското друштво ”Илинден”-Тирана, го информираше Пецаков за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонското национално малцинство во Република Албанија.

Низ дискусијата, Пецаков покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија. Секако, како иден градоначалник на Охрид, Пецаков искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малцинските права на Македонците во Република Албанија.

Претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, на Пецаков му подари македонски весник “Илинден” и се заблагодари за срдечната средба.

извор: Весник Илинден

Please follow and like us:
Tagged