Тасевски: Важно е во недела да им наплатиме на Заев, Мила, Филипче и СДСМ за сите понижувања кон нас

Македонија

Важно е во недела да им наплатиме на Заев, Мила, Филипче и СДСМ за сите понижувања на кон нас, порача актерот Сашо Тасевски.

“Да им наплатиме за нивната расчовеченост и ароганцијата со кои владееја, без чувство на срам и совест. Без одговорност за сите несреќи кои ги предизвикаа.
Да им наплатиме за никогаш да не ни се повторат. Таа партија никогаш повеќе не смее да ја донесеме на власт. Тоа дувло на национални предавници, кримиолигарси и паразити кои штом дојдат на власт со прст не мрдаат да одработат нешто за народот кој ги избрал.
Не очекуваа ваков гнев кон нив во првиот круг на изборите. Мислеа ќе биде лесно. Ни се смешкаат од Калето и ЕУ, кој го онади народот. Народот може само да ни го попушти чибукот. Немаа поим каква омраза создадоа кај нас кон нив со нивното расчовечено владеење.
Во недела да ги посипеме со пепел.
Да им ги одземеме Карпош, Центар, Скопје и Куманово, општините кои ги сметаа за нивни неосвоиви тврдини. За фикс. Зицер.
Стевчо е најдобриот избор за Карпош,
Скопје не го заслужува понатаму Шилегов. Му треба женска рака да го зачисти.
Максим покажа голем интегритет, став и човечност, нешто кое секој социјалдемократ треба да го научи, а кумановчани го сакаат, зашто се докажал во таа општина со работа, исто ко Стевче во Карпош. Затоа седум илјади карпошани гласаа за него во првиот круг.
Да им ги одземеме последните бастиони на Заев и тајфата и така да им пратиме порака дека на следните големи избори бесмислено е се појават.
Нека ја продадат партија како старо железо.
Или нека ја пренаменат во ЛГБТ фондација.
Или нека и стават налепница: Пиздрав оТ Софија,немој да чАкате . Њама да се виждаме повеЧе”, напиша Тасевски на Фејсбук.

Please follow and like us:
Tagged