Героски: СДСМ ги губи овие локални избори и никаква црна кампања не може тоа да го спречи

Македонија

На сите кандидати на СДСМ, в понеделник, после поразот, ќе им биде полесно отколку на Зоран Заев. Кој не е кандидат. Всушност, тој е кандидат за премиер во оставка. Непромислениот и самозаљубен муртинец овие избори ги прогласи за „историски“. По негова волја, овие избори се референдум, се гласа за или против Заев. И народот го прифати предизвикот, уште во првиот круг го казни нарцисот. Ќе го казни и в недела. СДСМ ги губи овие локални избори и никаква црна кампања не може тоа да го спречи, пишува новинарот Бранко Героски во својата најнова колумна во Плусинфо.

СДСМ се откажа и од Охрид, од Битола и од Прилеп, од Штип и од Велес, а непосредно пред изборите и од Куманово. Од повеќето наши поголеми градови, од нашите градски центри со традиција на урбано живеење. Затоа во тие градови кандидатите за градоначалници од СДСМ во првиот круг добија црвени и жолти картони.

В понеделник, кога ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе има најмалку еден градоначалнички мандат повеќе од СДСМ – а ќе има многу повеќе – Зоран Заев ќе биде исправен пред нов предизвик, како да го исполни своето ветување да даде оставка.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Please follow and like us:
Tagged