Пецаков: Нов парк на потегот од споменикот на А. Ден Долард до каналот Студенчишта

Охрид

Нов парк на потегот од споменикот на А. Ден Долард до каналот Студенчишта ветува кандидатот за градоначалник Кирил Пецаков.

Разубавувањето на делот околу Охридското Езеро е наш приоритет затоа што сакаме нашите деца да растат тука и да растат здрави, а по нас да оставиме здрава и чиста животна средина.

Уредувањето на просторот и неговото планирање, во договор со граѓаните, креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино правилно просторно искористување.

Во таа насока планираме изградба на нов парк со содржини и проширување на зелената зона на потегот од споменикот на А. Ден Долард до каналот Студенчишта каде што гостите и охриѓани има да поминуваат дел од своето време.

Новиот парк и зелената зона на потегот од споменикот на А. Ден Долард до каналот Студенчишта има да биде ново уредено катче за поубав и позелен лик на градот и препознатливо место за Охрид, вели Пецаков.

Please follow and like us:
Tagged