Пецаков: Гарантираме прекинување на праксата на селективно решавање на предметите за легализација

Охрид

Позитивните законски прописи мора вистински да се применуваат за правилна урбанизација. Сите активности во иднина има да се спроведуваат согласно законската регулатива.

Во таа насока гарантираме решавање на предметите за бесправно изградени објекти поднесени во 2011, 2015 и 2016 година.

Оние предмети кои се заглавени во фиока и имаат комплетна документација во рок од две години има да биде решен нивниот статус додека сите останати предмети до крајот на четиригодишниот мандат.

Ќе ја прекинеме праксата на селективно решавање на предметите за легализација.

Формирање комисија од редовите на администрацијата и нејзин фокус има да биде итно решавање на овие предмети кои цели две години на никако да стигнат на дневен ред на Советот на Општина Охрид.

Ја повикувам целата администрација воопшто да не подлегнува на притисоците и лагите затоа што сум убеден дека има професионалци кои си ја сакаат својата работа и умеаат да придонесат во развојот на градот, а со тоа гарантирам дека ќе биде вреднуван трудот на сите оние кои посветено работат.

На Охрид му треба ефикасна Локална Самоуправа за нови проекти и нова светла иднина.

Заокружи 7 за Проекти, Промени, Победи!

7 за ефикасна Локална Самоуправа!

7 за Градоначалник од народот и за народот, истакна на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник Кирил Пецаков.

Please follow and like us:
Tagged