И денеска ги нема ни Заев ни неговата оставка во Собранието

Македонија

Во Собранието сè уште не е доставена оставката на Зоран Заев, потврдуваат оттаму, пренесува Република.

Тој јавно објави дека ќе се повлече и од премиерската и од функцијата лидер на СДСМ по големиот пораз на партијата во вториот круг од локалните избори. Поминаа повеќе од 36 часа од неговата прес-конференција, но официјална оставка сè уште нема. Оттогаш го нема во јавност ни самиот Заев.

Please follow and like us:
Tagged