Пецаков во посета на Бигорски: Добив благослов благослов за добра и богоугодна служба, за слава Божја и во полза на сите граѓани на општина Охрид

Охрид

Денеска, на споменот на Свети Јаков Брат Божји и спроти навечерието на Митровденската задушница, бев во посета на Свештената Бигорска Обител, како и за благослов од нашиот Старец и Епископ г. Партениј, објави на Фејсбук новиот градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков.

Понатака тој во објавата додава:

“Како и претходно што одржував пријателски контакт со Бигорскиот Манастир така и бев пречекан во духот на манастирското гостољубие и остварив средба со нашиот заеднички Старец и Игумен.

Ја искажав својата поддршка за човекољубивата дејност на Манастирот, истакнувајќи ги заложбите на нашиот Старец за подобро и похумано општество.

Добив благослов за добра и богоугодна служба, за слава Божја и во полза на сите граѓани на општина Охрид”.

Please follow and like us:
Tagged