По масовната поддршка за Силјановска се огласи и Мицкоски: Паѓа деспотизмот на Заев и доаѓа заедничката победа на народот

Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил се обрати и порача дека силен показател е тоа што граѓаните застануваат зад личност и политика на принципи, вредности и разум, откако беше објавено дека професорката Гордана Силјановска-Давкова за неколку часа ги собра потребните потписи за кандидатура за претседател. Мицкоски потенцира дека ова е време на несигурност, на загубени и загрозени животи но народот ги прочита, и ја препозна новата шанса, новата надеж.

„Да си ја вратиме татковината, Македонија на граѓаните кои сакаат достоинство, мирен живот и правна држава. Потребен претседател кој ќе се бори против неправдите, и ќе опстојува за правда за Македонија и сите нејзини граѓани. Паѓа деспотизмот на Заев и доаѓа заедничката победа на народот. Обединити и силни ќе светне денот за сите граѓани на независна и суверена Република Македонија“, напиша Христијан Мицкоски.

ОХРИД 24

Please follow and like us:
Tagged