ИПА Охрид организира рекреативно-кондиционо пешачење до Велестово

Охрид

Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид ги поканува своите членови, други заинтересирани колеги и граѓани, да учествуваат во првиот ИПА рекреативно-кондиционо пешачење (планинско-рекреативна тура) на релација Спортски центар „Билјанини извори“ Охрид до населбата Велестово.

Како што информира претседателот на ИПА регион Охрид, Стефан Димоски, оваа активност што ќе се реализира на 20.11.2021 година (сабота), е во соработка со Планинско спасителната служба при Црвениот Крст Охрид (ПСС), а предвидено е да се спроведе според следнава агенда:

* 09 часот, собир на групата и посета на тренинг центар на ПСС (кај Автобуската станица во Охрид)
* 09:30 часот, упатување на групата пред СРЦ Билјанини Извори
* 9:45 часот, старт на заедничка планинската рекреативна тура до селото Велестово
* 11 часот,  демострација на техники за спасување на планина
* 11:30 часот, враќање кон стартната точка
* 12:30 часот, завршување на маршот

Please follow and like us:
Tagged