Пецаков за плажите: Прво да се решат урбанистички, а потоа ќе се дадат под концесија

Охрид

Следната летна туристичка сезона, охридските плажи повторно ќе блеснат во полн сјај. Како што најави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, тие најпрво ќе се решат урбанистички, а потоа ќе се дадат под концесија. Тој откри и дека веќе остварил работен состанок во Министерството за транспорт и врски, каде што побарал она што треба да биде урбанизирање, односно влегување во опфатите на плажите, за да можат да ги работат понатаму, за да функционираат, да биде побрзо.

Побаравме побрзо да се реши проблемот до април месец следната година со цел да се издадат на јавно наддавање за да може плажите во текот на летото да бидат спремни. Тоа значи дека првично урбанистички ќе се обидеме да ги решиме, да ги вметниме во опфатите и потоа на јавно  наддавање да ги ставиме под концесија повторно, истакна Пецаков.

Во однос на тоа дали ќе продолжи акцијата за рушење на плажите, започната од претходниот градоначалник, Пецаков напомена дека не станува збор за дивоградби, туку за проекти врз основа на кои што беа издадени плажите на концесија, а претходната Локална самоуправа, вклучувајќи ја и Централната власт, од  2017, а некои и од 2016 година не најдоа за сходно да ги решат концесионерите.

Ќе се предвиди изградбата на плажите да биде од природни материјали и веројатноста откако ќе ја добиеме потребната документација 50% ќе бидат уредени, а 50% ќе бидат слободни за граѓаните да можат да ги користат, рече Пецаков појаснувајќи дека бил објавен и Јавен повик за како треба да изгледаат плажите.

Што се однесува на работното време на плажите, Пецаков посочи дека нивното работно време е утврдено со Закон од 9 наутро до 21 часот навечер, но останатиот дел за работното време е работа на Пазарната и трудовата инспекција кои дозволиле да се регистрираат за подолго работно време.

Please follow and like us:
Tagged