ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Очигледна е нервозата којашто владее кај СДСМ по катастрофалниот пораз и затоа што гледаат како се реализираат проекти

Охрид

Очигледна е нервозата којашто владее кај СДСМ по катастрофалниот пораз и затоа што гледаат како се реализираат проекти.

ВМРО-ДПМНЕ докажува како треба да се работи и како се решаваат проблемите на граѓаните.

СДСМ имаше 4 години време да ги реализира ветените проекти и да ги решава проблемите, но за жал ништо не направија што ветија.

Нема никакво оправдување за деструктивното однесување на СДСМ во однос на проектите. Затоа очекувавме благодарност за изминатите проекти коишто им беа оставени во целосна реализација, а за истите сечеа ленти: Затворениот градски пазар, Автобуската станица, многуте пешачки патеки, плоштадот кај Табана, но и крилото од Библиотеката и новиот дел во болницата Костозглобна кои за жал сѐ уште не се отворени и уште многу, многу други проекти.

Новата Локална Самоуправа има да ги докомплетира сите потребни документи за реализација на проектите од претходната локална власт коишто не ги реализира, а имаше време цел мандат.

Промените со градоначалникот Кирил Пецаков започнаа, тие се чувствуваат и се видливи за охриѓани. Како одговорна Локална Власт имаме обврска да го реализираме тоа коешто сме го ветиле пред граѓаните со цел градење нова и светла иднина, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Please follow and like us:
Tagged