Започна поставувањето на нова фекална канализација на улиците „Будва“ и „Винковачка“

Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска изврши увид на градежните активности за поставување на нова фекална канализација на улиците „Будва“ и „Винковачка“.

Според проектот, на улицата „Будва“ фекалната канализација е во должина од 225 метри, а се поставуваат Ф300 цевки, додека на улицата „Винковачка“ е 135 метри и се поставуваат Ф200 цевки.

Вкупната вредност на проектот изнесува 1 977 516 денари.

Please follow and like us:
Tagged