Генералки на улиците „Кленоец” и „Радојца Новичиќ” и активности за подигање на паднатите лисја

Охрид

Екипите на „Јавна хигиена” спроведоа активности за генерално расчистување на ул.„Кленоец” и ул.„Радојца Новичиќ”, објави на својата официјална Фејсбук страница градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Темелно се расчистуваа тротоарите, просторот околу тротоарите и граничниците од коловозот. Отстранета е ниска и дива вегетација и  подигнат е расфрланиот отпад.

Во изминативе есенски  денови интензивно се спроведуваат активности за подигање на паднатите лисја од јавните површини како во централното подрачје, така и во периферните делови од градот. Подигнатите лисја се транспортираат до расадникот на Ј.П.„Охридски Комуналец” каде понатака се користат во процесот на компостирање.


Please follow and like us:
Tagged