Двајца полициски службеници од Дебар меѓу загинатите во несреќата во Бугарија

Охрид

Меѓу 44-те жртви во трагичната несреќа во Бугарија има и двајца полицајци од Дебар.

Според нашите информации во страшната сообраќајна несреќа животите ги загубија Саде Мустафовски и Енис Рамановски.

Портпаролот на СВР Охрид, во кој потпаѓа и Дебар, Стефан Димоски, изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на двајцата полициски службеници од Дебар, како и семејставата на сите настрадани во автобуската несреќа.

“Сите зборови на утеха се премали за големата болка на семејствата на 45-те загинати во сообраќајната несреќа. Но сепак, искреното и длабоко сочувство е она што го упатуваме до нивните скршени срца и души обвиткани со тага и безнадежност и посакуваме, Господ да им даде сила, барем за миг, да се ослободат од оковите на суровата и трагична ужасна несреќна судбина. Посакуваме, нивната болка и тагата по изгубените, да се преточи во силна енергија за соочување со суровоста од целосната промена од трагичното заминување на членовите на семејствата. Посакуваме, силно да се извиат над црната реалност и да можат понатаму во животот, физичкото отсуство на најмилите, моќно да го заменат со присуство на нивниот дух, вечно да се сеќаваат на заедничките среќни мигови и бескрајно да ги чуваат во своите души. Почивајте во мир, драги наши мали и возрасни сограѓани меѓу кои и двајца полициски службеници од Дебар. Вечна Ви слава”, наведува Димоски во објава на Фејсбук.

Please follow and like us: