Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, даде поддршка на кандидатурата за актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за нов мандат на чело на партијата.
Тој на Фејсбук напиша:
👉После 4 години заеднички пат, континуирани напади и потреси од луѓе кои не и мислат добро на партијата и државата од внатре во ВМРО ДПМНЕ, притисоци надвор од партијата па и од државата, останавме цврсто на нозе, партијата генерално стабилна и конкурентна…
👉 Успеавме и од позиција на опозиција за прв пат да се нанесе огромен пораз на власта на локалните избори во Македонија, заедно со народот
👉 Почнавме заедно од опозиција, ќе продолжиме заедно на власт и да ја водиме Македонија во вистински правец. И на овој конгрес во Скопје, иста како и конгресот во Валандово, цврсто стојам зад кандидатурата на претседателот на ВМРО ДПМНЕ и иден премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски за уште еден 4 годишен мандат ‼️‼️