Република: Струјата поскапува за речиси 40%

Македонија

Сметките за струја од 1-ви јануари би се зголемиле за 38%, според првичните барања на енергетските компании, а не десет проценти како што најавуваа од владата, објавува Република.

ЕВН – Електродистрибуција веќе доставила барање за 100% зголемување поради големите загуби во мрежа и високите берзански цени на струјата, што според претседателот на РКЕ Марко Бислимовски што би значело 34% зголемување на крајната сметка за струја.

Се очекува да пристигне и барањето од МЕПСО, кои веќе најавија дека нивните пресметки покажуваат 60% поголеми трошоци, што би значело дополнителни зголемување од 4% на крајната сметка. Освен МЕПСО, се очкеува и барањето на ЕВН Хоум.

Побарано е 100% пред се зголемени трошоци за загуби. Вкупно се 140 милиони евра заради надворешни влијанија, нема нови вработувања таму. И доколку се прифати 33 – 34% на крајна цена. Доколку е така крајна цена дополнително 4%, значи без ЕВН 37-38% зголемување“, изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

РКЕ во текот на наредната недела ќе одлучува по барањата на енергетските компании, што и колку ќе прифати. Останува отворено прашањето и дали по Нова Година се уште ќе има дневна евтина тарифа. Бислимовски објаснува дека тоа ќе зависи од повеќе фактори и допрва ќе се анализира дали ќе се укине или не, со цел да нема дополнителен ценовен шок за домаќинствата.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Please follow and like us: