Вевчани му оддаде почит на Коста Србакоски, борецот за слобода и демократија во Македонија

Регион

На предлог на градоначалникот на општина Вевчани Спасе Кочовски советниците на оваа општина донесоа одлука реновираната зграда на старото училиште која прераснува во современ мултикултурен центар, да го носи името на Коста Србакоски, иницијаторот, идеологот и водачот на борбата за демократија и слобода на Вевчани.


Коста Србакоски е една од маркантните личности во најновата македонска историја која со своите напредни идеи е главниот автор на најновото поглавје за митот за вевчанската пркос и борбен дух.

Како еден од малкутемина луѓе од периодот на Социјалистичка Македонија, Србакоски започнува да ги предизвикува недемократските карактеристики на тогашниот систем.

Производ на ова борба се Вевчанските настани од 1987 година кога Сојузот на комунистите на Македонија и власта се клекнати на колена, референдумот за независност на Вевчани од 1992 година, стекнувањето на статусот општина на Вевчани во 1996тата, како и останувањето на Вевчани како општина наспроти сите нелогични правила на територијалната поделба од 2004 година.

Од општина Вевчани информираат дека на објектот на реновираната училишна зграда ќе биде поставена и плоча со следниот текст: “Коста Србакоски (16.9.1943 – 26.8.2020), Вевчанец, но пред сé човек – светилник. Заштитник на природата. Идеолошки водач на Вевчанското движење на отпорот и на вевчанскиот сепаратизам од злото и неубавото. Неговата посветеност против сите манифестации на тоталитаризам беше и остана побистра и од најбистрите вевчански води. Посветено на неговата мисија. Вечна слава и сеќавање!“

Please follow and like us:
Tagged