Преку европски фондови ќе се оплеменува дел од поранешната касарна

Охрид

Евроамбасадорот Дејвид Гир, денес, беше во посета на Охрид. Тој, заедно со градоначалникот Кирил Пецаков, го посетија просторот на поранешната касарна, каде што предвидено е да се имплементира проектот „OHRID Go“.

Проектот „OHRID Go“  е финансиран од страна на Европската Унија  преку програмата EU for Municipalities. Вредноста изнесува 716.766,оо евра, а во рамки на проектот предвидена е реализација на Smart Ideas Hub, односно Старт – ап центар, Адреналински парк и Pump Up патека, како и Smart City Bike System каде ќе бидат набавени 60 смарт велосипеди, кои ќе бидат поставени на 10 докинг станици (паркиралишта), со што населението и посетителите на иновативен начин, преку посебна апликација ќе можат да ги користат во градот и околината. Воедно во рамки на проектот ќе биде изработена генерална физибилити студија со акционен план за долгорочен развој на поранешната касарна, која се предвидува да прерасне во технолошко-рекреативна зона.

– Соработката на проектот „OHRID GO“ се надевам претставува само почетокот на понатамошната соработка како Локална самоуправа и ЕУ, во насока на користење на европските фондови и унапредување на соработката во сите сектори каде има можност. Како општина сме подготвени во наредниот период нашите работи да ги сервисираме и одржуваме, а секако се тоа што е битно и можеме да го добиеме како поддршка од страна на европските фондови сме подготвени да ги искористиме. Затоа во наредниот период ќе работиме многу, бидејќи многу малку како држава користиме од средствата кои ни се нудат овие фондовите. Кога тие ни се тука на дофат, наша работа е да проектираме и да аплицираме со подготвени проекти и да имаме успешни апликации во насока да подобриме нешто, било да е тоа инфраструктура, подобри услови за живот на младите, зголемување на спортските содржини, подигнување на свеста за животната средина, екологијата, заштита на еко системите, истакна градоначалникот Кирил Пецаков.

Евроамбасадорот Гир истакна дека ЕУ е подготвена и понатака да поддржува развојни проекти кои се во насока на обезбедување подобри комунални услуги на граѓаните, исполнување на зелената агенда, заштитата на животната средина, како и за младите луѓе да можат да дадат придонес во општеството.

– Токму во таа насока разговараме во врска со Младинскиот центар, иновативниот центар односно Центар за иновации во општина Охрид за кој мислиме дека е многу важен центар каде младите ќе може да креираат и да излегуваат со изуми и иновации кои ќе придонесат во локалната економија. Како ЕУ со нетрпение очекуваме силна соработка со општинските власти се со цел да создадеме позелен и поиновативен град Охрид, рече Евроамбасадорот Гир.

Претходно Градоначалникот и Евроамбасадорот имаа средба во Општина Охрид, каде освен за актуелните теми поврзани со УНЕСКО, разговараа и за проектите кои Локалната самоуправа ги имплементира и подготвеноста за изработка на проекти со кои ќе се аплицира во ЕУ фондовите. Евроамбасадорот уште еднаш ја изрази својата поддршка за реализацијата на активностите во насока на имплементирање на препораките од УНЕСКО и го поздрави активното учество на општината во изработката на актуелните планови кои се однесуваат на езерското крајбрежје и  Студенчишкото блато. 

Fond_kasarna_20211217002
Fond_kasarna_20211217004
Fond_kasarna_20211217003
Fond_kasarna_20211217005
Fond_kasarna_20211217006
Fond_kasarna_20211217008
Fond_kasarna_20211217007
Fond_kasarna_20211217015
Fond_kasarna_20211217009
Fond_kasarna_20211217010
Please follow and like us:
Tagged