ЈП “Билјанини Извори” денес реализираше работна средба со сите фудбалски школи кои користат услуги на СРЦ “Билјанини Извори”. Состанокот со фудбалските школи се реализира на иницијатива на јавното претпријатие и на истиот присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

На состанокот се разговараше околу досегашната соработка со фудбалските школи како и околу идните планови и приоритети за заедничко делување. Спортот и спортските клубови, школи се висок приоритет во тековното работење на претпријатието и Градоначалникот Пецаков така што и во иднина ваквиот начин на комуникација и еден вид на соработка ќе продолжи и со другите правни субјекти кои ги користат услугите на претпријатието со цел да се слушни гласот на спортските работници и да се етаблира конструктивен начин на соработка.
