Честитка од градоначалникот Пецаков до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар

Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков  им го честита Христовото раѓање – Божик на сите христијани кои слават по Грегоријански календар.


– На сите граѓани со католичка вероисповед им го честитам најголемиот и најрадосниот христијански празник – Божик со желба да го поминат во здравје и радост опкружени со најмилите.

Во духот на толеранцијата и меѓусебното почитување на сите нас овој празник нека не потсети дека во себе носиме љубов и радост нека ги поттикне и зацврсти мирот и  солидарноста во Светот полн со предизвици.

Делете радост и помагајте им на сите оние на кои тоа им е потребно потсетувајќи се на непроценливите вредности на меѓусебното почитување и разбирање.

Само сложни и единствени со позитивна мисла и напредни идеи на кои се темелат добрите проекти  можеме да градиме здраво и напредно општество  кое ќе биде заеднички дом   за сите нас. 

Искрено ви посакувам мир, среќа, радост и благосостојба.

Овој голем Христијански празник нека ни донесе надеж за подобро утро за сите граѓани на Охрид и Република Македонија- стои во Честитката на градоначалникот Пецаков за католички Божик.

Please follow and like us:
Tagged