Пецаков: Промена на водоводната и канализационата мрежа во ОУ „Братство Единство “ – Лескајца

Охрид

Во насока на подобрување на условите во образовните институции, општина Охрид започна со активности за промена на водоводната и канализационата мрежа во ОУ „Братство Единство“ – Лескајца, информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Со оваа активност ќе се надмине долгогодишниот проблем на губиток на водата кој го имаше оваа образовна институција. Средствата во вкупен износ од околу 600 000 денари се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

За наредната 2022 година во ова училиште се предвидуваат активности за промена на електричната инсталација, реконструкција на тоалетите, дренажа околу објектот на училиштето и изведба на енергетски ефикасна фасада. Сите овие активности придонесуваат за поквалитетна настава во ОУ „Братство Единство“ – Лескајца.

Please follow and like us:
Tagged