(ФОТО) Во прекрасна атмосфера и расположение, охриѓани и гостите ја пречекаа Новата 2022 година

Охрид

Во прекрасна атмосфера и расположение, на Градскиот плоштад, охриѓани и гостите ја пречекаа Новата 2022 година.

Нека Новата 2022 година ни го подари се она по што сме копнееле во изминатата и да ни го чува она што веќе го имаме. Бидете ми живи, здрави, среќни, весели и постојано насмеани, со овие зборови градоначалникот Кирил Пецаков ја честиташе Новата година.

Пецаков синоќа, ги посети и им ја честиташе Новата година на дежурните служби кои се грижеа за безбедноста и здравјето во празничната ноќ, СВР Охрид, Територијалната противпожарна единица и Брза помош Охрид.

Please follow and like us:
Tagged