Градоначалникот Кирил Пецаков го посети првото новороденче во 2022 година во Охрид

Охрид

Здраво машко дете е првото новороденче во 2022 година во Општина Охрид.

Мајката и новороденчето денес ги посети градоначалникот Кирил Пецаков, кој во името на граѓаните на Охрид и во негово лично име им честиташе на семејството Миткови за нивната принова и им посака новороденчето да израсне во здрав, среќен и успешен човек.

Пецаков голема благодарност упати до лекарскиот тим кој го изврши породувањето доктор Катерина Попоска, доктор Владо Устијаноски, анестезиологот доктор Јован Недески, педијатарот доктор Весна Паскали и до целиот медицински персонал.

Бебето е тешко 3 килограми и 70 грама и долго 52 сантиметри. Породувањето било со царски рез во 09 и 45 минути. Бебето и мајката се во добра состојба.

Please follow and like us: