Граѓаните го даваат својот глас за ВМРО-ДПМНЕ: Најголема предност досега од 9%

Македонија

За потребите на ВМРО-ДПМНЕ агенцијата ИПСОС спроведе теренска анкета врз примерок од 1023 испитаника на територијата на цела држава Република Македонија, запазувајќи ги демографските карактеристики. Анкетата е спроведена во декември, од 6 до 20-ти.

Според резултатите, ВМРО ДПМНЕ досега има забележано најголема предност пред СДСМ, па така доколу утре се одржат предвремени парламентарни избори разликата меѓу овие две партии би била 9% во корист на опозициската.

Граѓаните сметаат дека државата оди во погрешна насока, а како најголеми проблеми ги посочуваат економијата, малите плати и високите цени.

Во истражувањето се вклучени повеќе прашања, а во прилог ви ги пренесуваме резултатите на дел од нив.

1. Доколку би имало утре предвремени парламентарни избори, и на тие избори би се кандидирале партии, а не коалиции, за која политичка партија би гласале?

ВМРО-ДПМНЕ 21%
СДСМ 12.5%
ДУИ 7.2%
ЛЕВИЦА 4.3%
АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ 3.3%
БЕСА 0.7%
ВМРО НАРОДНА 0.5%
ИНТЕГРА 0.4%
ЛДП 0.4%
ТВОЈА ПАРТИЈА 0.2%
АЛТЕРНАТИВА 0.3%
НДП-RDK 0.2%
ГДУ 0.1%
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ 0.1%
ДОМ 0.1%
ДРУГО 0.3%
НЕОДЛУЧИЛЕ 19.2%
ОДБИВАМ ДА ОДГОВОРАМ 18.1%
НЕМА ДА ГЛАСАМ 11.1%

2. Дали државата се движи во правилна насока?

Декември
Погрешна насока 60%
Правилна насока 25%
Не знае/одбива 15%

Ноември
Погрешна насока 57%
Правилна насока 31%
Не знае/одбива 12%

3. Кои се најзначајните проблеми?

Економија/финансии 17%
Високи цени, мали плати 13%
Невработеност 10%
Корупција, криминал 8%

Please follow and like us:
Tagged