Охриѓанец тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Охрид – Св. Наум

Охрид

На 08.01.2022 во 17,15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид- Св.Наум патничко моторно возило “рено“ со охридски регистарски ознаки управувано од Љ.Ј.(44) од Охрид удрило во метална заштитна ограда.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница во Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Please follow and like us:
Tagged