Општина Охрид ќе ги избира најдобрите од спортот за 2021 година

Охрид

Врз основа на член 3 од Правилникот за критериумите, условите  и постапката за избор на „Најдобрите од спортот во општина Охрид“, градоначалникот на Општина Охрид, распишува:

КОНКУРС
за доделување награди и признанија во изборот на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Охрид, за 2021 година

Општина Охрид покренува постапка за избор на „Најдобрите од спортот во општина Охрид“ за 2021 година. Наградите и признанијата за најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа во Охрид, се доделуваат за постигнати резултати во индивидуален и во клубски спорт во тековната година, на спортистки, спортисти и тренери кои настапуваат за спортски клубови, чиешто седиште е во Охрид.

Наградите и признанијата за Спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Охрид, Спортист/ка – од Охрид кој настапува надвор од територијата на општина Охрид и Спортист/ка во категоријата на лица со посебни потреби, се доделуваат на жители на Охрид за постигнати резултати во индивидуален и во клубски спорт во тековната година, на спортистки и спортисти кои настапуваат за спортски клубови на територијата на општина Охрид и надвор од неа.

Наградата и признание за Спортска легенда – за посебни заслуги во спортот се доделува на лице родено во Охрид за промоција,развој и постигнати резултати во областа на спортот. Право на предлагање на кандидати за изборот на најуспешните, имаат спортските клубови и нивните членови, чиешто седиште е во Охрид, како и физички лица.

Повеќе информации за конкурсот погледнете ТУКА

Please follow and like us:
Tagged