Ј.П. „Охридски Kомуналец” донира садници на државните и јавните институции

Охрид

Ј.П. „Охридски Kомуналец” организира акција со која на државните и јавните институции кои дејноста ја обавуваат на територијата на општина Охрид, им се доделуваат по 50 садници сезонски цветен расад од сопствено производство.

-Целта на оваа акција е да им дадеме поттик на општествено одговорните институции да ги разубават своите дворови, а со своето уредено цветно катче да бидат пример за оплеменување на просторот, создавање здрави животни навики и заштита на животната средина, велат од претпријатието.

Садниците можат да се подигнат од расадникот на Ј.П.„Охридски Kомуналец”.

Please follow and like us:
Tagged