28 санкции за брзо возење на територија на СВР Охрид

Охрид

Денеска (11.01.2022) во периодот од 07.00 до 11.00 часот на територијата на СВР Охрид спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 28 возачи, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

-Од нив 24 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а четири надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, истакна Димоски.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Димоски, апелираше до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

фото: архива

Please follow and like us:
Tagged