(ФОТО) Дрвата кои што требаше да ги гушкаме, целосно трули

Охрид

Дрвата на улица “Македонски Просветители” во Охрид кои поради реконструкцијата треба да се отстранат, а за кои невладините организации во недостиг на издржани аргументи повикуваа да се гушкаат, излегоа целосно трули.

Тоа го покажуваат и следните фотографии.

Се поставува прашањето каков ќе беше одговорот на невладините организации доколку ги гушкавме трулите дрва, и ги оставевме, а потоа предизвикаа некаква несреќа во која би имало и трагични последици?

Колку да се знае и да нема никакви забуни, здравите дрва на овој потег веќе се преместуваат на други локации, за кои ќе објавиме наскоро.

И на крајот мало потсетување, дрвата кои беа отстранети, се донираат на социјално-ранливи категории на граѓани.

Please follow and like us: