Градоначалникот Пецаков го посети семејството чија куќа денес беше зафатена од пожар

Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, попладнево го посети семејството чија куќа денес беше зафатена од пожар.

-Од страна на надлежните служби се информирав за целокупната ситуација и настанатата штета. Следува истрага за причината поради која настанал пожарот, додека ние во рамки на можностите ќе се обидеме да излеземе во пресрет на семејството, напиша Пецаков на Фејсбук.

За среќа во пожарот нема жртви, причинета е поголема материјална штета, а брзата интервенција на Територијалната противпожарна служба спречи понатамошно проширување на пожарот.

Please follow and like us:
Tagged