Поранешна полициска инспекторка во СВР Охрид пронајдена мртва во стан во Охрид

Охрид

Поранешна полициска инспекторка попладнево е пронајдена мртва во стан во Охрид.

Безживотното тело е пронајдено во стан на улица Сирма Војвода во Охрид – потврдува за „Охрид 1“ портпаролот на ДВР Охрид, Стефан Димоски.

 
Станува збор за Марија М. која до пред четири години работела како инспекторка во СВР Охрид, а била отпуштена од службата поради објавување на недолични содржини на социјалните мрежи.
 
Во моментов се очекуваат резултатите од обдукцијата. Повеќе информации во текот на утрешниот ден.

извор: ohrid1


Please follow and like us:
Tagged