Девет охриѓани фатени како возат под дејство на алкохол

Охрид

На 15/16.01.2022 година од 22 до 03 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли.

Притоа, како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, полициските службеници затекнаа 14 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-09, Струга-04, Кичево-01).

-Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и изречени им се соодветни платни налози, истакна Димоски и додаде дека акциските контроли во сообаќајот продолжуваат и понатаму со цел, подигнување на степенот на сообраќајната безбедност и почитување на правилата и прописите.

Please follow and like us:
Tagged