Mакедонија го доби осмиот премиер, Ковачевски ја презеде функцијата од Заев

Македонија

Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски утрово во ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев.


Примопредавањето на премиерската функција се одржа во Владата.

Новата Влада предводена од Ковачевски беше избрана синоќа во Собранието со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани.

Владата на Ковачевски брои 21 член – од СДСМ 11, ДУИ шест, Алтернатива тројца и еден министер од ЛДП.

Новиот владин кабинет има еден член повеќе од досегашниот и тоа министер без ресор, место што по формирањето на новото парламентрано мнозинство и припадна на Алтернатива.


Please follow and like us:
Tagged