(ФОТО) Свечено отворен турнирот во шах ,,Езерски Бисер 2022”

Охрид Спорт

Денеска во Охрид свечено беше отворен турнирот во шах ,,Езерски Бисер 2022”.

На отворањето се обрати советникот во Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, кој од свое име и од име на Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, им посака успешен натпреварувачки ден на учесниците на турнирот.

-Искрени честитки до ШК ,,Ласкер” – Охрид за успешната организација на овој шаховски турнир, а до учесниците витешка борба и спортска среќа со желба да победи најдобриот.

Гете рекол: ,,Шахот е вежба за умот”, со тоа докажувајќи дека овој спорт кој е стар повеќе од 2000 години е игра на исклучително паметни луѓе со висок коефициент на интелигенција и умствена дарба.

Меѓу денешните учесници уверен сум дека има ислучителни велемајстори, судиии и теоретичари, величествени играчи кои сигурно има да станат дел од светската шаховска историја.

За спортистите Охрид е одлично место за подготовки и одржување спортски настани и Локалната самоуправа со своето посветено работење придонесува Охрид да биде ставен на светската мапа не само како туристичка, туку и спортска дестинација. Токму затоа и во иднина има да продолжиме да ги поддржуваме ваквите спортски случувања, истакна Божиновски.

Please follow and like us: