Билјана Јоноска нова претседателка на УЖ ВМРО-ДПМНЕ Охрид

Охрид

На синоќешната седница на ИК на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, за претседателка на ОК Охрид е избрана Билјана Јоноска.

Јоноска е родена во 1984 година, дипломирала на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола каде што во 2006 година се стекнала со звањето Дипломиран јавен администратор, а во 2014 година, на истиот универзитет станува дипломиран правник.

Моментално е вработена во Државен архив на РМ како инспектор за архивско и канцелариско работење на имателите на јавен и приватен архивски и документарен материјал за општините Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Центар Жупа и Вевчани.

Членка е на ВМРО-ДПМНЕ од 2002 година и освен многубројните активности во партијата, во периодот од 2018 до 2021 година била потпретседател на УЖ.

Билјана Јоноска е активен член на месен комитет Велгошти.

Please follow and like us: