Вечерва на мини амфитеатарот кај трговскиот центар „АМАМ“, под покровителство на Општина Охрид се одржа Велигденски концерт.

Деведесет минутниот концерт се рализира по иницијатива на КУД „Гердан од Бисери“ и „Ансамбл Билјана“
Присутните уживаа во изведбата на Велигденската воскресителна песна од страна на хорот „Весели Бисерчиња“ и во препознатливите сплетови Водарки и Тресеница, а забавата продолжи со изведба на охридски староградски песни, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.


Please follow and like us: