Традиционално на 7 мај ќе се одржи струшката Еордија со светите мошти на Св. Георгиј

Регион

На 7 мај (сабота) во храмот на Светиот Великомаченик Георгиј во Струга, со почеток во 16 часот, ќе биде отслужена празнична вечерна богослужба, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

После завршувањето на вечерната и панихидата следи свечената Еордија (литија) со светите мошти на Великомаченикот и неговата чудотворна икона. Чесните мошти ќе бидат изложени во храмот за поклонение пред да започне вечерната боголужба сѐ до започнувањето на Еордијата.

-Ве покануваме да бидете гости на нашата манастирска слава, како и да земете учество во древната струшка литија, која пред неколку години беше обновена и збогатена со присуството на моштите на св. Георгиј од манастирот во Рајчица. Дојдете, почувствувајте ја радоста и благодатта на овие торжествени настани и примете го благословот на славниот Победоносец Георгиј, велат од Бигорскиот манастир.

Please follow and like us:
Tagged