Денеска се одбележува Денот на македонскиот јазик

Култура Македонија

Денешниот ден 5 мај се одбележува како Ден на македонскиот јазик, со одлука која Владата ја донесе на седница во 2019-тата година.

Прогласувањето е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија од 1945-та за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо и озаконувањето на првиот правопис со што беше стандардизиран македонскиот јазик. Азбуката е создадена на 3 мај 1945 и е предложена на тогашната Влада. Таа ја прифатила и азбуката е официјализирана на 5 мај со објавување во весникот „Нова Македонија“, зашто во тоа време не постоел Службен весник каде што државата ги објавува своите одлуки. Објавувањето на 5 мај се смета за службен документ.

Please follow and like us:
Tagged