(ФОТО) Во Струга се одржа традиционалната Литија со моштите на Свети Георгиј Победоносец

Регион

Во Струга попладнево се одржа познатата струшка Литија (Еордија) со моштите на Свети Георгиј Победоносец, чудотворната икона на светецот и иконата на Богородица Крнинска.

На Литијата присуствуваа и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Молитвената поворка од храмот на светителот, според традицијата, се движеше низ централните градски улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно се вратија во црквата, каде верниците имаа можност да се поклонат пред моштите на Свети Георгиј.

Please follow and like us:
Tagged