Поради активности за подобрување на условите, фудбалското игралиште на “Билјанини Извори” ќе биде привремено затворено

Охрид Спорт

ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека од 15 мај до 05 јуни 2022 година Градскиот стадион “Билјанини Извори” – фудбалското игралиште, ќе биде затворено за користење.

Имено во наведениот период на фудбалскиот терен при Градскиот стадион ќе се вршат тековни годишни активности (дупчење, садење на трева и фрлање на ѓубриво) кои се во насока на подобрување на условите на фудбалското игралиште. 

ЈП “Билјанини Извори” и во наредниот период ќе биде фокусиранa согласно годишната програма за подобрување на условите на спортската инфраструктура со која стопанисува претпријатието, се вели во соопштението.

Please follow and like us:
Tagged