Јавните претпријатија во Охрид пред банкрот – Константин Георгиески и СДСМ оставиле долг од 14 милиони евра

Охрид

Состојбата во јавните претпријатија во Охрид е катастрофална, најлоша е ситуацијата во “Водовод”, објави телевизија Алфа

Препријатието не е во состојба да им подели плата на вработените, ако не е општина Охрид, вели градоначалникот Пецаков. Отворено коментирајќи ги приликите кои ги затекнал, додава дека од општинската каса се издвојуваат пари за плати и на вработените во Комуналец, Нискоградба, Градски пазар и Градски гробишта. Удавено во долгови, особено е неизвесна судбината на претпријатието кое го снабдува градот со вода, оти во моментов само за струја има долг од 25 милиони денари. Од август 2021-ва па до февруари 2022-ра претходното раководство на Водовод не ги плаќало сметките поради тоа со месеци останале без струја.

„Дополнително ситуацијата во општина Охрид е таква каква што е, судска рамка 14 милиони евра долг, едноставно катастрофална состојба. Со начинот на кој што асфалтираа пред се, и кои што сметки сега стигнуваат. Пред избори 2,5 милиони евра чинеше асфалтирањето во Охрид за предизборната година и тоа се сметки кои што сега јас ги плаќам како градоначалник. Дополнителни 4 милиони не ми е јасно како настанале во периодот, меѓутоа допрва работите ќе излегуваат на виделина“ – вели Пецаков.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Please follow and like us:
Tagged